Тодоров го газел снегот за “мастер” планот на Заев

Совршено е јасно што се случува! Тодоров го газеше снегот за Заев, за да денес Заев го објави мастер планот. Демек Мицкоски бил пречката ВМРО и СДС да се сакаат, а не тоа што Заев ја покраде државата.



Ова го пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски кој вели дека на Никола Тодоров му е криво што ВМРО-ДПМНЕ не мисли исто како Заев.

“Практично од денес па понатаму секој еден Македонец, но и член на ВМРО, треба Тодоров да го гледа како дел од екипата на Заев.

Најголемата среќа за ВМРО, а најголемиот пораз за двоецот Заев – Тодоров е што Мицкоски е на чело на ВМРО. Дотаму дојде што за Тодоров не е спорно што Заев тргнал да бира лидер на ВМРО, туку што ВМРО не е ортак со Заев, како тој што е ортак и негов слуга”, пишува Петрушевски.

Петрушевски порачува дека обедување со криминалци нема, а може само да има одговорност.

“А за Тодоров можам да кажам нема дно што не го проби. Тој е најдобриот СДС-овец на Заев. Уценет бетер од Боро Малборо. За јаничарите велеле нашите “пу јазк”, пишува пратеникот кој има прашање за Тодоров:
“Дали е вистина Тодоров дека во приватни разговори си кажувал дека и подобро што не си бил претседател на ВМРО-ДПМНЕ во тешки мигови за партијата, како промената на името, затоа што си уценет и затоа што ќе ја држеле партијата во заложништво?

Ако тогаш си бил уценет, и сега си! Но сега прифаќаш да бидеш кловн и да ја уништуваш ВМРО”.

Никола Тодоров се смета за неформален предводник на иницијативата за конгрес која пред да замине во затвор неофицијално ја предводеше Сашо Мијалков.