Тодор Петров (не) се попишмани за референдумот!?

Претседателот на Светскиот македонски конгрес ја повлекол граѓанската иницијатива за собирање потписи за нов референдум за името, соопшти денеска претседателот на парламентот Талат Џафери.



Тодор Петров, беше овластен предлагач на иницијативата за собирање на најмалку 150 илјади избирачи за распишување задолжителен референдум за промена на името на државата.

Петров, како што пренесува ТВ Алфа, ја отфрли оваа информација како неточна и вели дека Талат Џафери манипулира.

Според него, имало две иницијативи , откако првата била отфрлена, а Петров убедува дека – референдум сепак ќе има.