„Тоа е она што ни требаше!“: Се подбиваат со Филипче за комисијата за случајот со родилката

Планина од коментари, од критики до потсмев, осамнаа под објавата на Фејсбук од министерот за здравство Венко Филипче дека формирал петчлена комисија за стручен надзор во болницата во Струга за случајот во кој родилката од Дебар по пораѓањето остана без три органи.



„Тоа е она што ни требаше! Сега само уште една комисија за надгледување на работата на комисијата што ќе изврши стручен надзор и, нормално, комисија што ќе ја провери работата на комисијата која ја надгледуваше работата на комисијата што го вршеше стручниот надзор“;

„Се разбира дека имало (неправилности) министре и оставиле органи уште. Не може сите да се жалат, а со два бубрези шетаат. Свака час за вас“;

„’Од членовите на Комисијата барам да утврдат дали имало неправилности или пропусти во вршењето на стручната работа’. Која стручна работа? Стручно ја оставија без органи жената, не знае дали ја породил со машко или женско! Од стручни лица до тука сме!“;

„Како не бе! Директор на јавна здравствена установа со години си играл со здравјето и животот на еден куп бремени жени и нивните неродени бебиња во својата НЕЛЕГАЛНА ОРДИНАЦИЈА, па ги пораѓал во болницата каде што директорува со директно барање на мито, и уште го чувате да биде директор?!?! Што ви е поважно бе? Животот на населението или владината коалиција и министерските столчиња?!?!“;

„Да ти извадат тебе бубрезите, а те болел забот и после да свикаме комисија да видиме дали имале одговорност… Север да ве однесе, ишала“.