Додека владата на Алексис Ципрас продолжува со прославата на ратификација на договорот од Преспа и изјавува дека никој нема да ја нарекува соседната земја „Македонија“ туку „Северна Македонија“, неговиот пријател Зоран Заев го враќа во реалноста, пишува весникот „То вима“.
„Со денешната твит во кој Зоран Заев ја нарекува неговата земја ‘Македонија’, се потврдува дека ‘крштевањето’, што заврши и официјално со ратификацијата на договорот од страна на грчкиот парламент со помош на 153 пратеници останува само ‘на хартија’“ пишува весникот.
„То вима“ го пренесува „твитот“ на македонскиот премиер:
„Македонија е дел од меѓународната демократска заедница. Инвеститорите знаат дека ние сме сега стабилна и безбедна земја. Создаваме можност за сите граѓани. Ајде да одиме напред, време е за економијата.”





