Вие како судија две години го водите случајот и не сте успеале да го завршите, а барате од мене да го завршам увидот за два часа и да го испрашувам Миле Јанакиески и да го бранам. Станува збор за материјал од 20.000 страници, рече адвокатот Јовица Страшковски, еден од бранителите кои вчера им беа доделени по службена дожност на обвинетите во случајот ТНТ за уривањето на комплексот „Космос“, објект на бизнисменот Фијат Цаноски кој е присутен во судницата., пренесе „Плусинфо“.



Адвокатите по службена должност реагираат што им е даден прекраток рок од два часа за увид во материјал од 20.000 страници.

„Не ни дозволува професионалната етика да прифатиме одбрана на обвинетите кога не го познаваме стоотстотно предметот“, реагирале адвокатите.