„Доста е, ако е за аир. На состанокот најавив дека ќе се повлечам од претседател на партијата. Мислам дека на партијата ѝ треба нова енергија и луѓе што ќе може да комуницираат со многу повеќе мотив за претставување на НСДП“, изјави Тито Петковски, за Слободен Печат.
Тој беше основач на НСДП пред 17 години и на чело на партијата беше во неколку последователни мандати. Според Петковски, амбиции за нов лидер на НСДП имаат пратеникот Горан Мисовски и директорот на ПУИК Кристијан Трајковски.






