Поранешниот претседател на Собранието, Тито Петковски смета дега бугарската блокада кон патот за Европската Унија нема да заврши за скоро време.



„Спорот не започнува нити ќе заврши овој период. Ова е четврт пораз на Бугарија. Никако не се прифати фактот дека Македонија се „роди“ како држава за време на Втората светска војна. Уште во 2005 напишав – Ако Бугарија влезе пред Македонија во ЕУ, ние никогаш нема да влеземе. Дај Боже да грешам, да се случат некои чуда.

Непријателското однесување е затоа што ни после 107 години, Бугарите се фрустрираат од фактот дека не успеаја да го убијат чувството на припадност на Македонија“, рече Петковски во гостување на ТВ 24 каде зборуваше за македонско-бугарските односи. Фокус