Тито Петковски не верува на прегратки: Грците се одлични трговци

„Не верувам во овие гушкања, добри пораки и срдечни поздрави, затоа што Грците се итри. Тие се одлични трговци и уште подобри преговарачи. Јас тоа не го кажувам првпат. Грчката официјална политика, грчката држава отсекогаш, особено од осамостојувањето, не сакала да постои ниту македонски јазик, ниту македонска држава“ изјави денеска Тито Петковски, лидер на НСДП која денеска го одржа четвртиоот конкрес на Партијата.



Но тој вели дека „доколку сега има созреани кругови кои имаат влијание во грчката политика, се однесуваат онака како што говорат, мислам дека сме блиску до решавањето на ова прашање“ , пренесе Канал 5.

На денешниотКонгрес, Петковски рече дека за неговата партија е прифатлив изборниот модел со една изборна единица и дека ќе било „политичко самоубиство настап на избори надвор од двата најголеми политички блока, во услови кога мандатите се распределуваат според Донтовиот модел“.

Петковски беше најсериозен кандидат да продолжи како претседател на НСДП и денеска тој со гласовите на 400 од над 500 делегати беше реизбран за лидер.