Револт меѓу граѓаните откако се виде дека премиерот на владата на Македонија Зоран Заев денеска на одбележувањето на 118 години од смрта на Гоце Делчев не се појави пред неговот гроб во “Свети Спас”.
За разлика од Јосип Броз Тито кој од Белград специјално дошол да положи цвеќе и да се поклони пред великанот Заев не можел да мине 500 метри од владата до гробот за да оддаде почит на Делчев, велат дел од коментарите на гневните граѓани на социјалните мрежи.
Еден Тито што беше величина се поклони пред грпбот на најголемиот, ама затоа @Zoran_Zaev и @SPendarovski ги нема никаде.
👉 Никој не ни е крив, самите си ги гласавте..
Ќе дојдат и подобри времиња за Македонија🇲🇰 pic.twitter.com/GAv1dwSaOR— Шефот (@The_Chief86) May 4, 2021
Наместо да дојде лично Заев денеска на социјалните мрежи објави свој став за великанот а во име на власта споменикот го посетиле пониски државни функционери.
На денот на загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, го чествуваме како инспиратор и апостол на македонската револуционерна организација која се бореше за остварување на историската идеја за правото на Македонците да го остварат вековниот сон за самостојна држава. pic.twitter.com/rsLZyunuGL
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) May 4, 2021
На гробот на Гоце денска не дојде ниту претседателот Пендаровски.






