Апелациониот суд Скопје ги укина пресудите за предметот „Титаник 2“ против Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Бедредин Ибраими и тројца поранешни членови на Државната изборна комисија од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што неофицијално дознава порталот СакамДаКажам, предметот е вратен на повторно судење поради суштествени повреди на постапката од страна на Основниот кривичен суд.
Апелациониот суд не ја потврдува информацијата и оттаму велат само дека одлуката е донесена, но не е напишана, а е предвидено да се објави пред Нова година, пишува порталот.





