Тирана: Заразени со корона се фрлаат од болнички прозорец

Еден 60-годишен пациент со коронавирус синоќа скокнал од прозорецот на болница во Тирана, а ова е петти пациент кој си го одзел животот на тој начин.



Настраданиот пациент бил во болница 10 дена каде се лекувал од коронавирусот, пренесува албанската агенција НОА.

Како што се наведува, полицијата е на терен и покрената е истрага во врска со овој случај.