Уште еден протест на обединетата опозиција предводена од Демократската партија на Албанија на Љуљзим Бача е закажан за вечерва во 19 часот пред Владата во Тирана, а албанската полиција апелираше да се демонстрира мирно.
Полицијата располагала со „вознемирувачки информации“ и ги повика на соработка организаторите за да се избегне насилството за време на протестот.
Од албанската полицијата ги повикаа организаторите да ги отстранат од толпата маскираните и лицата кои на минатите протести се однесувале насилно.





