Тирана и порача на Атина: Не се мешајте…

По острите изјави на грчкото Министерство за надворешни работи во врска со изречената мерка притвор на Фреди Белери, кандидатот за градоначалник за општина Химара на ликалните избори, реагираше министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Олта Џачка.



Атина не ѝ молчи на Тирана: Демарш по апсење на кандидат за градоначалник од грчкото малцинство

Во објава на Твитер Џачка напиша дека Грција не треба да расправа за одлуката на суд на територијата на Албанија, повикувајќи ги да бидат повоздржани во изјавите, пренесе ТВ21.

„Речиси е невозможно да разбереме како нашите пријатели имаат право да оспорат судска одлука во нашата земја, кога силните докази што ги бараат се многу јасни. Фреди Белери беше фатен во криминална активност против слободни и фер избори“, оцени таа.

Изјавата на Џачка доаѓа по острата реакција на грчкото МНР дека „доколку доказите не се неоспорливи одлуката на судот во Валона да го задржи Фреди Белери во затвор е скандалозна“ и оти „ќе има влијание на односите со ЕУ“.

Грчкото МНР во соопштение дека „апсењето на кандидат за градоначалник два дена пред избори не претставува владеење на правото“ и додаваат дека одлуката за притвор не ги менува „правилата за еднаквост на општинските избори во Химара, најважниот центар на грчкото национално малцинство во Албанија“.

Белери беше уапсен во четвртокот нешто по полноќ во неговото кафуле во Химара, под сомнение за купување гласови а вчера му беше одредена мерка притвор.