На првиот кат од Ковид3 болницата во Тирана, избувнал пожар, но за среќа нема жртви и повредени, благодарение на брзата интервенција на противпожарната единица.
Во просторите на болницата биле хоспитализирани 70 ковид пациенти, а според првичните наоди пожарот избувнал во една од лекарските канцеларии.
Министерката за здравство Огерта Манастирлиу беше во посета на болницата при што потврди дека нема повредени ниту меѓу пацентите, ниту меѓу здравствениот и друг персонал. За среќа, додаде, има само материјална штета, пренесе ТВ21.







