Министерот за дијаспора во Владата на Албанија, Пандели Мајко изјави денес дека лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти, треба да ја затвори темата за национално обединување на Албанците и да се посвети на изборот на ново раководство.
Сè друго, рече Мајко, и штети на стабилноста на Косово.
Мајко, кој беше и албански премиер, вели дека приказните за обединување на Албанија и Косово, кои биле актуелни во 80-тите и 90-тите години од минатиот век, и штетат на Приштина, бидејќи тие навлегуваат во меѓународните акти што ја гарантираат стабилноста на Косово преку присуството на НАТО и пакетот Ахтисари.






