Тинејџерка ја доби најпрестижната американска награда за новинарство

Тинејџерката Дарнела Фрејжер, која ја сними смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, синоќа ја доби најпрестижната американска награда за новинарство „Пулицер“.



Фрејжер имала 17 години, кога ја сними смртта на Флојд во мај 2020 година, при неговото приведување во Минеаполис, настан што покрена лавина протести против полициската бруталност ширум САД и светот.

Весникот Стар трибјун (Star Tribune) од Минеаполис доби „Пулицерова“ награда за категоријата „ударна вест“ (breaking news) за убиството на Флојд на 25 мај 2020 година и граѓанските немири што избија прво во Минеаполис, а потоа ширум САД и светот.