Грета Тунберг, 16 годишна активистка од Шведска, го отвори самитот на Обединетите нации за климата и ги осуди светските лидери дека не преземат мерки во борбата против климатските промени/
„Сето тоа е погрешно. Не би требало да сум тука, туку на училиште на другата страна од океанот, но сите вие ни доаѓате нам, на младите, и во нас барате надеж.
Како се осмелувате?
Ми ги украдовте соништата и моето детство со вашите празни зборови, но јас сум сепак една од среќните. Луѓето страдаат, луѓе умираат, цели екосистеми колабираат“, извика Тунберг, видливо емотивна и потресена.
„Се наоѓаме пред масовно исчезнување, а вие зборувате само за пари и кажувате бајки за вечен економски раст“, предупреди тинејџерката, со солзи во очите.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ја поддржа младата активистка:
„Природата е бесна, а ние се лажеме ако мислиме дека можеме да ја измамиме бидејќи природата секогаш го возвраќа ударот. Низ цел свет природата го возвраќа ударот со лутина“, изјави Гутереш.





