Тимови на ДЗС се вклучија во потрагата по Петар Џобоски во мариовскиот крај

Од денеска на потрагата по детето Петар Џобоски се приклучи и Дирекцијата за заштита и спасување.



Во потрагата се ангажирани седум припадници на ДЗС од кои четири од Тимот за брз одговор за спасување од планини од ПОЗС – Битола, еден припадник од Тимот за спасување од високи објекти од ПОЗС – Прилеп и двајца вработени од Секторот за оператива и логистика.

Десетгодишниот Петар Џобоски исчезна на 25.февруари од дворот на семејната куќа во мариовското село Врпско. Оттогаш трае интензивната потрага по момчето во која се вклучени стотина полицајци, хеликоптер како и доброволци кои го пребаруваат теренот веќе петти ден.

Во моментов потрагата се одвива под отежнати околности поради снежните врнежи и ниските температури.