Советникот за надворешни работи, Сирил Бoмгартнер е назначен за вонреден и ополномоштен амбасадор на Француската Република во Македонија, на местото на Кристијан Тимоние, кој е повикан на други функции, јави МИА.
Назначувањето на Бомгартнер за амбасадор во Скопје беше официјализирано во службениот весник на Франција.
Тој досега извршувал повеќе функции, а една од нив е заменик генерален секретар за европски прашања во Кеј Д’Орсеј.
Претходно бил и прв советник во амбасадата на Франција во Бугарија





