Медиуми во соседството „ударно“ ја пренесуваат вчерашната изјава на францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние, кој на македонските граѓани им порача дека алтернатива на не-гласањето на референдумот за промена на името е земјата да стане Северна Кореја.
„Зборувам со Македонците и знам дека ова не е едноставно прашање, но сите ние треба да размислиме за следните генерации, можеби тоа е јасно, но ќе ви кажам. Изборот е или Северна Македонија или Северна Кореја.Изберете“, изјави францускиот амбасадор на трибина во македонското МНР.






