„Почнувањето преговори ќе биде добро и за нас, амбасадорите на западните земји. Ние посакуваме отварање на претпристапните преговори. Но, земјата треба навистина да е подготвена за тоа. Така што тоа нема да биде подарок, тоа треба да биде заслужен подарок во вашите раце“, изјави францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние кој вчера беше во посета на Гостивар.
Тимоние, се сретна со градоначалникот Арбен Таравари, во рамките на настаните на манифестацијата „Ден на франкофонијата“.




