На прашањето дека се добива впечаток дека европските земји го користат недостигот на реформи само како изговор Македонија да не добие датум за преговори, иако со години се зборуваше дека името е клучниот проблем, амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние вио интервјуза радио Слободна Европа вели дека одговорот не е во Париз:
„Мислам дека вистинското прашање постои овде, кај вас, а не кај нас. Ако политичката состојба во општеството, владеењето на правото, тоа е она што ние го посакуваме, тогаш немаше да има проблеми, немаше да има исклучок од принципите. Уште еднаш ќе потенцирам сè уште се очекуваат резултати на терен кои што треба да бидат испорачани.
Од декларативно односно од законодавната работа да преминеме на суштинска работа, но и во спроведување во пракса, во кое што ќе се вклучат судските власти, безбедносните служби, сите кои можат да работат на начин кој што е според критериумите на една правна држава и да постои вистинска желба дека тоа е во служба на граѓаните“.
Тимоние „признава“ дека значен број на важни реформи биле спроведени, како Антикорупциската комисија…но:
„Сепак остануваат многу точки кои треба да се надминат, особено легитимноста на правната држава и владеењето на правото за да се постигне независност во судството. Особено во поглед на СЈО, затоа што станува збор за институција од која имавме големи очекувања и се уште очекуваме многу“.
Францускиот амбасадор,во интервјут за РСЕ покажува разбирањеза неговиот претѕседател Емануел Макрон, кој се експлицитно се противи на проширувањето на ЕУ.
„Станува збор за нетрпелив човек, нетрпелив во однос на функционирањето на Европа, затоа што Европа му е при срце. Но има идеја, да ја направи Европа вистински функционална, и способна да одговори на новите светски предизвици кои што се побројни и посложени. Верувам дека добронамерно го кажал тоа, дека тоа било добронамерно за европската изградба. Од другата страна, сите знаат дека кога ќе почнеме со проширувањето дека има долг пат за самите засегнати земји. И двете нешта не се исклучуваат едната од другата“ вели Тимоние за Радио Слободна Европа.




