Амбасадорот на Франција во земјава вели дека, по евро-изборите треба да се видат капацитети на ЕУ за примање на нови членки или почеток на преговори за членство.
Кристиан Тимоние вели дека земјите од Западен Балкан имаат уште многу работа во спроведување на реформите во правниот систем. Тој не може да каже фиксен датум кога би можело Македонија да ги почне преговорите за членство во Унијата.
„Сега треба да се оцени дали постигнатиот напредок (на земјата – н.з) е доволен и да се види во каква состојба е ЕУ и нејзиниот капацитет за примање нови членки. Но сепак, бидејќи не станува збор за брзо примање во ЕУ, треба да се видат нејзините капацитети за отворање на преговорите…“ вели амбасадорот Тимоние.
Извор: Алсат М





