Тимоние информиран за селективна правда и тендери за луѓе блиски на власта

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски денеска се сретнал со францускиот амбасадор Кристиан Тимоние и го информирал за случаи на селективна правда и местење тендери на луѓе блиски на СДСМ и ДУИ.



“Заедно со Игор Николов остваривме средба со францускиот амбасадор Кристиан Тимоние.

Во текот на средбата потенцирав дека во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво и правдата е селективна, односно се суди само на луѓе од опозицијата. Укажав на фактот дека власта дели тендери на лица блиски до нив и за тоа никој не одговара, додека народот од ден во ден се повеќе се осиромашува”, објави Мицкоски на социјалните мрежи.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/photos/a.1675233759318743/1675233825985403/?type=3