Тимоние: Чекаме „зелено светло“ од Макрон…

Францускиот амбасадор во земјава Франсоа Тимоние вели дека секоја држава има свој систем на одлучување, коментирајќи ја вчерашната одлука на германскиот Бундестаг кој се изјасни позитивно за старт на преговори на ЕУ со Македонија.



„Секој со својот систем. Ние го очекуваме зеленото светло од нашиот претседател на Републиката. Како и секогаш, ние многу споделуваме со нашите германски партнери за оваа тема. Имаме добар став кон вашата земја и кон сите напори што таа ги направи на регионален план.

Ние, Французите и Германците многу добро знаеме дека треба уште многу, многу работа за реформите што се на хартија да станат реформи во реалност. Ќе направиме еден убав коктел меѓу реалноста и она што значи добар прием. Реалноста која треба да се поправи и дополни и секако она што ние го очекуваме, а тоа е добар прием од наша страна“, изјави Тимоние. (Pressing.TV)