„Тик-Ток“ зеде уште еден детски живот!

Десетгодишно момче било пронајдено мртво во стан во Раковица, соседна Србија, откако наводно случајно се обесилo додека играло игра на „Тик-ток“, јавуваат српските медиуми.



Според неофицијални информации, момчето било оставено самo во станот, додека неговите родители биле во продавница.

„Кога се вратија, тој не ја отвори вратата, па повикаа полиција и пожарникари кои влегоа преку терасата и го најдоа детето обесено на кревет. Од почетокот се сомневаше дека смртта настанала случајно за време на играта, и сега се верува дека тој всушност, играл предизвик за зашеметување на социјалната мрежа Тик-ток“ – пренесоа српски медиуми.