Тијана: “Go N. Macedonia” – Провокација или искрена поддршка за Тамара (ВИДЕО)

Со видеото објавено на Твитер сестрата на пејачката Тамара, која вечерва настапува во финалето на Евровизија, ги вжешти ионака силните емоции кај огромен дел од граѓаните, многумина од нив фанови на финалистката.



За дел од граѓаните Тијана Дабчевиќ во обид да ја подржи својата сестра Тамара несвесно вели напред за С. Македонија но не сите се сложуваат дека ова е случајност.

За огромен дел од набљудувачите дури и кај некои кој вечерва ќе стискаат палци за Тамара, споменувањето на С. Македонија е дел од ПР операција на Владата која преку Евровизија сака да го промовира новото име надвор но и да го наметне внатре во Македонија каде тоа се чувствува како “диво месо” кое никогаш нема да биде прифатено.

Во прилог на овие тези е и фактот што Тамара лани учествуваше на концертите на Владата по повод наводно добиениот датум за преговори со ЕУ за кој видовме дека бил лага и дека најверојатно нема да биде добиен ниту овој јуни.

На претседателските избори за Гордана Сиљановска Давкова гласаа речиси 380 илјади Македонци кои делумно својот глас го дадоа поради ветувањето на Сиљановска дека ќе стори се за да го врати името Република Македонија.