Активистите на македонската дијаспора Бил Николов од Канада и Методија Колоски од САД не чекаа долго за да му одговорат на Дејвид Стивенсон за провокацијата на „Твитер“ упатена кон бојкотирачите на референдумот.
Претседателите на Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и на Обединета македонска дијаспора (ОМД) се издвоија во бранот реакции на твитот на шефот на одделот за политички и економски прашања во Амбасада на САД во Скопје до неодамна, кога си даде оставка во Стејт департмент, но остана во Македонија. Сега претставувајќи се како „стратег“, од твитовите на Стивенсон деновиве е јасно дека ќе агитира за успешен референдум.
„Оние што избраа да бојкотираат, признаа пораз. Тие знаат дека не можат да победат во фер борба. Значи, се обидуваат да ја осуетат волјата на мнозинството. #бојкотирам #небојкотирам #vote #macedonia #nowornever #иднинатанамакедонија #nato“, твитна денеска Стивенсон.
„’Признаен пораз’ во обидот да ги одбраниме нашите древно име и националност?? Вие ПРИЗНАВАТЕ странско мешање од #САД. Вие ПРИЗНАВАТЕ дека ги прекршувате секоја конвенција и меѓународен закон за #човекови права. Вие ПРИЗНАВАТЕ дека се плашите да разговарате со мене. Признавам дека ми се лоши од вас. #MACEDONIA“, одговори Николов.
„Оние што се повлекоа од Стејт департментот, тие не ги сакаат секретарот Помпео и (претседателот) Доналд Трамп, признаа пораз и знаат дека не можат да победат во фер борба. #ГордАмериканец – не пробувај да се извлечеш од нашите проблеми. Мојот професор по политички науки ме учеше дека во политиката ништо не е фер. #Бојкотирам“, му пиша Колоски на Стивенсон.





