Во следните недели Украина може тајно да добие дозвола за лансирање ракети на руска територија.
Велика Британија и САД се подготвуваат да дадат дозвола, но сакаат официјално да ја објават дури откако ќе бидат истрелани првите проектили, пишува Тhe Times.
Изворите на изданието велат дека САД сакаат прво да го видат планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за тоа како може да им помогне да ги преживеат зимските месеци на војната.
Конечната одлука би можела да биде одобрена веќе на Генералното собрание на ОН следната недела.
Сепак, постои „нервоза“ во тимот на американскиот претседател Џо Бајден дека овој потег може да и наштети на кампањата на Камала Харис.
Зеленски со месеци бараше дозвола да користи ракети за да напаѓа длабоко во руска територија.
Според негово мислење, ако Украина може да користи оружје со долг дострел на руска територија, тоа ќе ја мотивира Москва да бара мир.
Медиумите тврдат дека постои загриженост за овој потег однапред објавен во јавноста како предупредување за Русија.