Нападот бил организиран од киевските разузнавачки служби, соопштија две големи американски медиумски куќи
Експлозијата што го оштети рускиот стратешки мост на Крим при што загинаа најмалку три лица е организирана од Украина, објавија денеска „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори.
Висок украински функционер интервјуиран од The New York Times тврди дека зад експлозијата стои Киев, додавајќи дека нападот бил организиран од украинските разузнавачки служби, кои организирале поставување бомба на камион што возел преку мостот.
Ваквото тврдење го повтори и Washington Post, кој повикувајќи се на претставник на украинската влада, експлозијата им ја препиша и на специјалните служби на земјата.
Оваа верзија ја поддржа информативниот сајт „Украинска правда“, кој, повикувајќи се на извор од безбедносните служби на земјата, објави дека зад нападот стои разузнавачка агенција наречена СБУ.
Иако украинските власти не презедоа експлицитно одговорност за нападот, тие го поздравија.
Помошникот на претседателот Вoлoдимир Зеленски, Михаил Подољак, изјави дека експлозијата е „само почеток“, додавајќи дека „се што е незаконски преземено мора да биде уништено“.
Откако Русија ја започна својата воена кампања кон крајот на февруари, украинските власти постојано ветуваа дека ќе го нападнат мостот, кој служи како стратешка врска меѓу рускиот полуостров Крим и регионот Краснодар.
Иако Кремљ директно не го обвини Киев за организирање на експлозијата, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова рече дека реакцијата на Украина на инцидентот е доказ за „терористичката природа“ на нејзиното раководство.
Во меѓувреме, претставниците на Крим го вперија прстот директно во Киев. Владимир Константинов, претседателот на Државниот совет на републиката, изјави дека „украинските вандали конечно успеаја да ги извалкаат рацете со крв на мостот на Крим“.
Според рускиот национален комитет за борба против тероризмот, мостот бил оштетен од камион кој експлодирал додека го минувал мостот. Во експлозијата има најмалку тројца жртви.






