Сторијата на емисијата 360 степени на Алсат М открива сериозен безбедносен инцидент во кој НАТО алијансата не му дава безбедносен сертификат на кандидатот за воен претставник на Македонија во Алијансата.
Авторот Владимир Мирчески открива дека
една година по номинацијата за воен претставник на земјава во НАТО, полковникот Зоран Секуловски не е заминат за Брисел. Засега нема официјална потврда дека причината се ригорозните НАТО-проверки кои не ги поминал полковникот но извесно е дека ако се било во ред тој досега ќе беше заминат во седиштето на алијансата Брисел.
За проблеми од ваков вид индиректно зборуваше во своето годишното обраќање шефот на државата во Собранието кога ја наметна дилемата за тоа кој ќе остане без пристап до доверливите информации и документи на НАТО.
„Тоа е многу комплексен и ригорозен процес кој е во тек и кој во случаите на претходните приеми на држави во НАТО, во просек, дистанцирал од доверливите информации од 10 до 15% од високите воени, полициски и политички лица“, изјави Пендаровски во говорот.
„Очигледно некаде има проблем со Македонија зашто воениот претставник во НАТО се уште не добил clearance (одобрение)“, вели за 360 Степени Саво Кентера, претседател на Атлантскиот сојуз на Црна Гора.
За полковник Зоран Секуловски кон крајот на минатата година беше објавено дека ќе биде воен претставник на Македонија во НАТО, но до денес тој не е заминат за Брисел, објавува емисијата.
Посебната канцеларија за проверка на сите луѓе кои имаат пристап до тајните документи на НАТО , според информациите на „360 степени“, извесен период веќе работи на безбедносни проверки на сите лица во земјава кои би имале пристап до доверливите податоци на Алијансата. Таа, всушност, го врши ветингот за кој во годишното обраќање во Собранието зборуваше претседателот и врховен командант на Армија, Стево Пендаровски.
„Досега, за сите функционери кои имаа контакт со класифицирани информации беше потребен т.н. национален сертификат за пристап до нив, но од март оваа година е неопходен НАТО сертификат за пристап до класифицирани информации, што значи дека, освен нас, и сите земји-членки на Алијансата мора да потврдат дека конкретниот функционер е чист по две основи: прво, контакти со држави, ентитети и поединци кои го третирааат НАТО како свој опонент, второ, инволвираност во случаи на висока корупција каде што постои можност да бидат злоупотребени од малигни држави, поединци и ентитети“.
За конкретната причина зошто полковникот Секуловски не е подобен во НАТО јавноста поради процедурите никогаш нема да дознае но во неговото јавно досие ќе остане запаметено дека или имал контакти со непријатели на НАТО или со коруптивни и криминални фактори кои би можеле да го злоупотребат доколку станел дел од внатрешните механизми на алијансата.
Целата информација на 360 Степени
Најчитана вест
Причините се јасни, последиците тешки
Катастрофален пад на довербата во Филипче, се уште е подобро оценет од Заев





