Тежок инцидент се случил на денот на големиот христијански празник Велигден на Скопскиот аеродром, тврдат патници кои требало да патуваат и кои се соочиле со дискриминација во сопствената држава.
Патници очевидци на инцидентот кој се случил на 16 Април раскажуваат дека инцидентот започнал откако бил откажан летот на компанијата Виз Ер од Скопје за Берлин.
Откако им било кажано дека менаџментот на Скопскиот аеродром го откажува летот за Берлин поради технички причини патниците биле замолени во придружба на полиција да го земат багажот и да се соберат на приземјето на ТАВ Македонија на местото каде што се чекираат патниците и каде што им било најавено дека ќе добијат официјално соопштение за процедурата за откажаниот лет.
Се дотогаш било мирно и патниците не биле вознемирени.
Инцидентот се случил кога претставници на турската компанија ТАВ Македонија која десетина години управува со меѓународниот аеродром Скопје тешко ги дискриминирале патниците Македонци кои биле принудени да бараат друг начин да стигнат до главниот град на Германија.
Дискриминираните очевидци раскажуваат дека официјалното соопштение од ТАВ Македонија било само на албански јазик и патниците не можеле да разберат што им зборуваат претставниците на скопскиот аеродром.
Една од четирите претставнички на ТАВ Македонија кои дошле на средбата на сите патници им се обратила само на албански јазик а грубо го одбила барањето на неколку патнички да се зборува на официјалниот македонски јазик, тврдат понижени и навредени патници.
Тие се чудат како турската национална компанија ТАВ која го управува под концесија скопскиот аеродром и која важи за коректна во односот кон Македонија дозволила патниците Македонци да бидат дискриминирани во својата земја каде македонскиот јазик е официјален за меѓународна употреба.
Дел од патните велат дека ќе разбереле доколку официјалното вербално соопштение било на англиски јазик или на македонски со превод на албански но не им е јасно зошто ТАВ испратиле службеници кои зборувале само на албански јазик.
По инцидентот во кој не можеле да разберат што се случува затоа што не го знаат албанскиот јазик патниците Македонци за процедурата по откажаниот лет се информирале од шалтерските службеници кои зборувале на македонски јазик.
Според присутните очевидци една патничка се соочила со сериозна психички ситуација поради инцидентот по што нејзиното семејство семејство размислува и за тужба против ТАВ Македонија за нанесена душевна болка.
Последни вести
Во подрумот во Зајас или во бачилото над Шипковица
Затаракоски со идеја кој и како ги чува ,,мадињата” на Ковачевски






