Грчкиот националистички Фејсбук профил History-of-Macedonia.GR објавува видео снимено во декември минатата година со кое се тврди дека македонски граничар бара и добива мито од грчки државјанин.
Од видеото не може да се заклучи на кој граничен премин се води разговорот на грчки јазик меѓу сопатничка и граничар.
Според разговорот сопатничката доаѓа од Германија и оди кон градот Поликастро кој е на дваесетина километри од грчката граница кај Гевгелија што значи дека видеото е снимено на граничниот премин Богородица.
„Скопски полицаец бара „подарок“ за да дозволат патниците да ја преминат границата“, е насловот на видеото.
Според напишаното во видео инцидентот е снимен на 21.12.2022 год.
Во билтенот на МВР овој настан воопшто не заведен.
Настанот се случува откако американската амбасадорка Ангела Агелер најави битка со корупцијата по што се сретна и со Спасовски а во вторник во Скопје доаѓа и висок претставник на Стејт департментот кој ќе зборува за битката со корупцијата.
Линк до видеото





