Последните вести од Берлин се тежок удар за политиките на македонскиот премиер Ковачевски и лидерот на ДУИ кои се убедуваат да направат уставни измени за Македонија да влезе во ЕУ иако за тоа немаат никакви гаранции.
Новинарот Михаел Мартенс кој е еден од водечките германски и европски познавачи на ситуацијата со проширувањето на ЕУ со земјите од западниот Балкан пренесува информации кои зборуваат за акутна смрт на проширувањето кое нема да воскресне брзо и со тоа ги прават македонските уставни измени непотребни и погрешни.
Мартенс за весникот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг опишува како ЦДУ, најголемата партија во најмоќната земја членка на Европската Унија веќе предлага нов начин за интеграција на Западен Балкан но тоа не е рамноправно членство во ЕУ.
Додека релевантните германски познавачи укажуваат на смртта на процесот на евроинтеграциите во меѓувреме Ковачевски, Маричиќ и Османи тврдат дека Македонија до 2030 ќе влезе во ЕУ.
Според идеите во Берлин до 2030 година Македонија би можела да стане само членка на Единствениот европски пазар но не и ЕУ.
,,Проширувањето на ЕУ е и останува мртво. По најновата руска војна на Украина се случија некои реторички промени. Но, што се промени во суштина? Иако проширувањето може да воскресне еден ден, сега се потребни идеи. Една таква идеја полека добива поддршка на терен. Германската најпопуларната партија ЦДУ ја усвои оваа идеја.
Пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ неодамна поднесе предлог во Бундестагот со кој се повикува на нова политика кон Балканот. предлогот беше одбиен бо тоа може да се промени со друго мнозинство во идниот Бундестаг – или со повеќе политичари да бидат убедени во идејата”, пишува Мартенс кој ја објавува основната идеја на предлогот потпишан од претседателот на ЦДУ, Фридрих Мерц и претседателот на регионалната група на ЦСУ, Александар Добриндт:
,,Ако во моментов не е достапно полноправно политичко членство, да воведеме атрактивен среден чекор во процесот на проширување – ,,Единствен пазар”.
Мартенс објавува дека со други зборови предлогот е да се прифатат шесте држави од Западен Балкан, Украина и Молдавија како полноправни членки на единствениот пазар (под услов да ги исполнат условите).
,,Дајте им ги сите права кои доаѓаат со членството. И сите обврски кои тоа ги повлекува. Што би значело тоа?
За луѓето во 8-те засегнати земји, тоа би значело дека тие практично веќе би биле во ЕУ во секојдневниот живот. Тие би ги уживале четирите слободи (движење на стоки, лица, услуги и капитал) во рамките на ЕУ.
Не би имало разлика дали работите во Берлин или Белград, Париз или Приштина. Балканските компании би станале поконкурентни. Секој граѓанин на 8-те земји може да одлучи каде да работи и да се насели. Тоа би значело и: Границите би станале невидливи.
За ЕУ тоа би значело дека може да го прошири просторот во кој важат неговите правила (и само тие). Брисел повторно би имал поголемо влијание во регион кој исто така ги интересира непријателите како Путин-Русија или непријателските глобални играчи како Кина”, пишува Мартенс кој потенцира дека во исто време, осумте нови членки нема да можат да го блокираат процесот на донесување одлуки во ЕУ. Тие не би имале свои комесари и право на вето туку би биле како Норвешка денеска а Норвешка изгледа сосема задоволна од аранжманот.
,,Кога ќе се соочат со идејата, некои луѓе се противат: „Но, ова е само економски проект. Ни требаат политички реформи, владеење на правото, поделба на власта, слобода на медиумите итн.“ Тие се во право. Да беше само економски проект, немаше да смени ништо и немаше да има малку смисла пишува Мартенс кој додава дека затоа членството на единствениот пазар треба да биде тесно поврзано со напредокот во областите на владеење на правото, проверки и рамнотежи, функционални институции итн.
Кнут Абрахам кој сега пратеник во Бундестагот а предходно бил одговорен за надворешна политика во владата на Меркел го дообјаснува процесот:
„Тоа во никој случај не е чисто економски проект. Единствениот пазар е повеќе од зона на слободна трговија. Тоа е јадрото на ЕУ. Голем дел од законодавството на ЕУ се однесува на внатрешниот пазар и поставува заеднички стандарди. Функционалното владеење на правото кое обезбедува спроведување на овие закони е затоа од суштинско значење за внатрешниот пазар на ЕУ. Стандардите за владеење на правото би биле централно барање. Само на земјите кои ги исполнуваат стандардите на ЕУ ќе им биде дозволено да се приклучат на единствениот пазар“, објаснува Абрахам.
Мартенс понатаму продолжува дека процесот на проширување како таков навистина нема да се промени. Со суштинска разлика што би имало средна цел, всушност, остварлива во догледна иднина. За разлика од политичкото членство, кое во моментов е повеќе некој вид на газење.
Станува збор за оживување на сегашниот, нефункционален процес на пристапување, како што го кажаа Абрахам и другите во ЦДУ. Сите тие инсистираат дека целта не е да се закопа долгорочната цел за полноправно политичко членство, туку да се воведе привремена цел на патот.
Абрахам и другите иницијатори на идејата претпоставуваат дека држава која ја извршува својата домашна задача може да стане членка на единствениот пазар (т.е., да биде третирана како држава на ЕУ) во рок од шест години:
„Визијата на ЕУ за Западен Балкан треба да биде интегрирање на сите земји на заедничкиот пазар до 2030 година, во зависност од напредокот со реформите. ЕУ треба јасно да им го понуди ова и на Украина и на Молдавија“.
Некои велат: Но, како би можеле државите од Западен Балкан да го издржат конкурентскиот притисок на единствениот пазар? Па како можеа балтичките земји кога се приклучија на ЕУ во 2004 година? Како можеа Бугарија или Романија во 2007 година? Споредете ги тие земји некогаш и сега.
Се разбира, земјите од регионот може да ја одбијат понудата да се вклучат на заедничкиот пазар. Тие може да инсистираат дека полноправното политичко членство е единствената опција, а ништо друго не е важно. Со среќа со тоа, вели Мартенс.
Доколку оваа понуда стане официјална политика на Европската Унија, опозициските сили во соодветните држави би можеле да ја усвојат идејата за членство на единствениот пазар и да им ја објаснат на своите гласачи за да ја капитализираат политички. Што би им направило ова на владите што го отфрлаат?
На ова прашање Мартенс одговара во текстот објавен во FAZ односно Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.

EU enlargement is and remains dead. After Russia’s newest war on 🇺🇦 some rhetorical changes occurred. But what changed in substance? While enlargement may resurrect one day, ideas for now are needed. One is slowly gaining ground. 🇩🇪 most popular party, the CDU, has adopted it.
— Michael Martens (@Andric1961) June 27, 2023





