Тежок ден за Израел: 24 загинати војници за 24 часа

Најмалку 24 израелски војници се убиени за време на интензивните борби во Газа во последните 24 часа, соопшти во вторникот израелската војска, што претставува најголем број израелски жртви во еден ден од почетокот на борбите во енклавата, јави Ројтерс.



Израел минатата недела започна офанзива за да ја преземе контролата врз Кан Јунис, каде што израелската војска вели дека се наоѓа главниот штаб на милитантите на Хамас.

Воениот портпарол контраадмирал Даниел Хагари изјави дека 21 војник загинал кога бил погоден тенк што ги чувал израелските сили.

Во исто време се случи експлозија во две двокатни згради каде израелските војници поставија експлозив за да ги уништат зградите, но експлозијата предизвика тие да се срушат врз израелските војници.

Израелскиот претседател Исак Херцог објави изјава за, како што рече, „неподносливо тешко утро“

Најмалку 25.295 жители на Газа се убиени од 7 октомври, соопштија здравствените власти во Газа во најновото ажурирање во понеделникот.