Искрен Иванов, доктор по политологија и главен асистент на Филозофскиот факултет во Софија, го нарече апсурдно поврзувањето на Александар Македонски со Македонците, а не со Грците.
„Македонската химна почнува и многукратно се повторува темата: Македонците се борат – за име, за држава итн. Од таа гледна точка би рекол дека тука самата Македонија станува жртва на реакционерен комплекс, бидејќи да не заборавиме дека останатите држави во регионот – Грција, Бугарија, Романија, Турција, која исто така има влијание во овој регион, иако поголемиот дел географски се наоѓа во Азија, имаат ‘некаква облека да си облечат’. Грција секогаш може да се врати обратно кон Византија, Турција кон Османската империја, Бугарија секогаш може да се врати обратно назад, нели, како што тоа често го прават бугарските националисти, Романија исто така може да се врати назад, и Македонија исто така – но, каде? Со што, со каква облека може да се облече македонската култура? Облеката на Александар Македонски – добро, но историската наука посочила дека Александар Македонски е Грк, тој не бил Македонец, секој историчар ќе ви го каже тоа дека таквата теза е апсурдна. Т.е. тука станува збор за едно реакционерство, за еден во суштина неизживеан национализам, кој, ако избие сега во моментов, ќе ги урне сите мостови кон членството на Македонија во Европската унија“, изјави професорот од софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ во интервју за бугарското радио Фокус.





