„Чест ми е што ја водев најдобрата институција во земјава. Се гордеам што имав одличен тим со кој не се плашев да влезам во ниту една битка. Благодарност до вработените во Министерството за финансии што беспоштедно работеа да ги спроведеме реформите.
… И затоа со главата горе и целосно посветен се враќам на Економскиот факултет“.



Ова на неговиот ФБ профил го напиша синоќа досегашниот министер за финасии Драган Тевдовски кој беше разрешен од министерска функција а премиерот Зоран Заев најави дека ќе го задржи како советник, додека тој го води Министерството за финасии.

Ова предизвика лавина од реакции зошто Заев го менува министерот од кој не е задоволен, а истовремено сака да го задржи како советник…

Вчера, во Собранието се одвиваше вистинска „драма“ откако Антикорупциска му стави до знаење на Заев дека не смее да биде истовремено и прв финансиер во државата, по што премиерот го повлече предологот за негово самоименување на прв човек на Мин истерстѕвото за финасии , но веднаш дополнби дека же остане да го води ресорот додека не се најде нов министер…