Теута Арифи отфрла вина за пожарот во модуларната болница (ВИДЕО)

Градоначалничката на Тетово, кандидатка на ДУИ за трет мандат вели дека институциите треба да ги вршат истрагите за тетовската трагедија и дека општината Тетово немала никаква одговорност.



„Ако имавме институционална одговорност немаше да седам тука како кандидат“, рече Арифи во синоќешниот дуел на ТВ24 со противкандидатот за градоначалник на Тетово, Билал Касами од БЕСА.

„Според Арифи „многу е важно целото прашање да е осветли и да се откријат причините. И тогаш беше јасно дека во однос на ингеренциите, рековме дека сите модуларни болници се изградени по законот.

Институциите да ги завршат сите истраги како што треба за да не се повтори ова. Се базираме врз основа на официјалните извештаи.

Институциите се тие кои повикуваат на одговорност.

Одговорно за целата реализација е Министерството за здравство“, вели Арифи.