Градоначалника на Тетово Теута Арифи, ги повика на одговорност граѓаните за дивите депонии со смет во градот, меѓу кои и пред православните гробишта.
Арифи викентот објави повеќе фотографии и статуси дека се собира фрлениот смет.
„Отпадоци и на гробишта. Да. Ги чистиме гробиштата и главните делови на градот. Тоа што вчера недоговорно го фрли денес некој треба да го чисти“, се вели во објавата на Теута Арифи на Фејсбук.
Од Алијанса на Албанците реагираа дека за да ја покрие сопствената неспособност за овие депонии и смрдеата која го покри Тетово во текот на нејзиниот мандат, преку социјалните мрежи Арифи бесрамно ги обвини невладините организации и сите граѓани дека не знаат каде да го фрлат отпадот…
„Арифи, тетовчани не се валкани како што ги нарекувате, туку вие немате поим како се води една општина.За доброто на градот, еве ние како АА ви даваме неколку совети за вашите последни два месеца пред пензионирање:
1. Не ви треба математичар во кабинетот, но барем да имате еден советник кој знае да брои. Депониите се создаваат затоа што нема доволно контејнери…
2. Оставете ги малку настрана зградите, бизнисите и Дака Давидовиќ од Јелак, и сетете се на вработените на ЈКП, кои со месеци ги оставате без плати.
3. Нема потреба да ве информираат граѓаните, ваша обврска е да знаете каде има депонии. Инаку, депонии има насекаде низ градот. Ова треба да го знаете, ама треба некогаш и да прошетате по градските населби, а не само еднаш на четири години кога ви требат гласови.
На крај, покажете малку почит кон тетовци, бидејќи на нивен грб успеавте да се подигнете како политичарка. Немојте да ја продолжите традицијата на навредувања кога ќе почувствувате пораз, како што направи вашиот претходник кој ни посака затруена вода“, реагираа од Алијанса за Албанците.






