Тетовските средношколци уште пет дена ќе учат онлајн

До 20 септември ќе продолжи онлајн наставата во средните училишта во Тетово, одлучи Владата.а.



Поради влошената ситуација со пандемијата во овие градови, владата претходно донесе одлука наставата да се организира онлајн во траење од 14 дена, додека онлајн настава имаше и во Кичево и Струга, во траење од 7 дена.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Тетово изнесува 1.090, додека бројот на активни случаи во Гостивар е 629.