Тетовскиот имам Нухи Ганија се заканува: Крстот на „Кодра е диелит“ (Попова Шапка) мора да биде тргнат најбргу, инаку…!!!

„Крстот на ‘Кодра е диелит’ (Попова Шапка – заб.прев) мора да биде тргнат најбргу, инаку…!!!“ – оваа закана ја упати преку својот фејсбук-профил имамот од исламската вероисповед Нухи Ганија од Тетово. Тој бара од тетовските општински власти да се отстрани веднаш 15-метарскиот крст од Попова Шапка, без оглед што овој верски симбол е поставен внатре во црковен имот, во дворот на манастирската црква „Свети Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка.



На својот фејсбук-профил тетовскиот имам Ганија пишува: Во населбата Аеродром во Скопје властите не допуштаат со години изградба на џамија. Во Прилеп општината не дозволува реставрирање на џамијата запалена од хулиганите за време на конфликтот во 2001 година. Но, на „Кодра е диелит“ (Попова Шапка), која е изградена кон крајот на 90-тите години од минатиот век, овие денови никна како печурка гигантски крст висок 15 метри!

Крстот на „Кодра е диелит“ (Попова Шапка) мора да биде тргнат најбргу, инаку…!!!