Тетово задутре на протест поради поскапата струја

За в четврток во 19 часот на плоштадот во Тетово закажан е протест поради поскапувањето на цената на електричната енегија.



Иницијатори на протестот што се организира преку социјалните мрежи ги повикуваат граѓаните на Тетово преку овој протест да се спротистават:

на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за зголемување на цената на електричната енергија;

да реагираат на монополот на услугите на компанијата ЕВН и нивното неправилно однесување кон потрошувачите,

да се побара распуштање на РКЕ, и дасе  побара формирање на независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги.