Активисти од Тетово поставија табли со цел да алармираат за лошата еколошка и инфраструктурна состојба во градот.



„Добродојдовте во Тетово, градот во кој на никому не му е гајле на ништо” е главната порака која што беше пренесена денеска преку поставените табли низ целиот град, јавиТетовоинфо.мк.

„Не ми е гајле каде се паркирам“; „Не ми е гајле каде фрлам ѓубре“; „Не ми е гајле што нема јавен превоз”; „Не ми е гајле што има дупки”, се другите пораки на таблите поставени низ градот.