Тетово не е во Албанија туку во Македонија: Кавга во Словенија за Македонија

Македонскиот активист во Словенија Андреј Дочински реагира на пишувањето на Тетово на албански јазик од страна на словенечката политичарка од левицата Тања Фајон во сочувството за трагедијата која не употреби и македонска транскрипција за градот.



“Госпоѓица Фајон. Тетово е град во Македонија, а не во Албанија. Пишувањето на името на градот на албански јазик е знак за поддршка за албанските националисти, кои овој дел од Македонија го гледаат како дел од Голема Албанија. Го отфрлам поттикнувањето на веќе напнати меѓуетнички односи во Македонија во вакви трагедии”, пишува Дочински.

Предходно словенечкиот десничар Змаго Јелинчич порача дека со пораката на Фајон е јасно кој го пишувал Нон Пејперот за ново прекројување на границите на Балканот.

Јелинчич за Фајон и Тетово: Ако некој не знаеше чиј е нонпејперот за промена на границите на Балканот…

Словенечката европарламентарка Фајон во сочувството за жртвите го напиша Тетово на албански?!