Тетовската полиција вчера го приведе 36-годишниот Р.А. од тетовско Одри, по кого била распишана потерница за доиздржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје од 3 години, 11 месеци и 28 дена.
Тој е осуден за сторено кривично дело “тешка кражба” и “обид за тешка кражба”.






