Кошаркарскиот клуб КК Тетекс од Тетово, тврди дека нивните млади кошаркари вчера морале да бидат извлекувани со специјалци од Чаир каде играле натпревар против КК Чаир 2030.
Велат дека полицијата ги спасила од линч и прашуваат дали воопшто вреди да се спортува во Македонија.
„Нашата екипа беше донесена со полиција во Чаир во присуство од 50 полицајци плус и специјалци. На ист начин бевме и извадени од сала во полициски возила за да не бидеме линчувани во Чаир. Не сакаме воопшто да нагласуваме дека навивачите не пцуеја на секаква основа за време на натпреварот. Плукани, навредувани, гаѓани со лименки, а на сето тоа и противничките кошаркари удираа со се живо по нас на терен а нашите кошаркари воопшто не беа заштитени. КАТАСТРОФА… БРУКА е во ЧАИР воопшто да се игра кошарка. А, посебно прашање е дали Чаир е во Македонија? Ние се чувствувавме како да не сме во Македонија… ЖАЛНО … Црн ден за кошарката во МАКЕДОНИЈА”, пишува во реакцијата на КК Тетекс.
Од клубот Чаир 2030 негираат дека биле добри домаќини и велат дека гостите сами барале полициска евакуација.
“Демант:
Вие од спортските редакции и КК ТЕТЕКС од Тетово треба да се срамите од лагите што ги наведувате.
Навреди на национална и религиозна основа немаше во ниту еден момент за време на натпреварот.
Вие сами сте побарале полициска придружба од страв дека ке има одмазда од наша страна после тоа што се случи во Тетово , ама испадна дека за страв немаше место.
Во нашиот прв меѓусебен дуел во Тетово тешко ни беа оштетени 4 возила , не навредивте во национална и религиозна база во текот на целиот натпревар. Вчера во ЧАИР беше прав КОШАРКАРСКИ ПРАЗНИК. Жал ние што во оваа игра има секогаш еден победник, а уште по жалосно а што вие не можете тоа да го прифатите.
Ама не е ни људски , ниту спортски да се кажат невистини за да се прикрие поразот кој беше потполно заслужен на терен.
До вас спортски редакции.
Би ве замолил пред да ширите вакви лаги од вашите канцеларии да дојдете секогаш на кошаркарските натпревари што нашиот клуб ги игра во ЧАИР и сами да се уверите за коректноста и спортската атмосфера што владее во овој храм на кошарката. Коректно е за овој натпревар да се обратите до тренери и претставници на многу други клубови кои беа присутни на овој натпревар за да дознаате дали има ниту малку вистина во ова што го пишувате…”, пишува во демантот на КК Чаир 2030 кој го пренесуваме во целост.
Видеото на КК Тетекс на следниот линк
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=303690193659063&id=210909992624&_rdr





