Тетовци се заканувале и ширеле омраза на социјалните мрежи, МВР ги пронајде

Поради сомнение дека се автори на коментари со заканувачка содржина со кои се промовирале или поттикнувале омраза и насилство на социјаните мрежи, во Полициската станица Тетово вчеравечер (09.07.2022) биле повикани се Џ.Л.(40) од Тетово и Д.Р.(37), од тетовско село.



Извршен бил службен разговар со двајцата, при што Д.Р. го признал делото. 

СВР Тетово во координација и содејство со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР, целосно ги расчисти двата случаи на коментари, напишани на објави од интернет портали.

По документирање на случајот против двете лица ќе следуваат соодветни поднесоци.