Тестот на Заев негативен – ќе биде 7 дена во самоизолација

Зоран Заев, е негативен на тестот за коронавирус, потврди денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.



Лидерот на СДСМ ќе биде во самоизолација седум дена, бидејќи тој имаше интервју со новинарот на Канал 5, Гоце Михајловски пред една недела.

Со оглед на тоа што периодот на инкубација е 14 дена, тој мора да ги помине во самоизолација наредните седум дена.