Тест за Владата: Амбасадори имаат детален увид во скандалите поврзани со Груби

Најмалку двајца амбасадори на важни западни сојузнички на Македонија со месеци имаат детален увид во афери поврзани со вицепремиерот Артан Груби.



Податоци поврзани со случаите баждарење на бензински пумпи со вработен во фирмата на братот на Груби, купување на атрактивен локал од братот на Груби во центарот на Скопје за цена пониска најмалку три пати од пазарната, преевтината продажба на хотелот Гранит на Попова Шапка од ентитет во чиј Управен одбор членува член на кабинетот на Груби и скандалозниот избор на фирма за надзор на автопатите што ќе ги гради Бехтел – Енка се на маса во најмалку две амбасади во Скопје.

Луѓето што информации за овие скандали споделиле и со медиумите тврдат дека детални податоци за скандалите имаат и странски амбасади кои од своја страна ги проверуваат нерегуларностите.

Изворите тврдат дека молкот на амбасадите кои точно знаат каде има корупција е еден вид на тест за владата на Ковачевски и дека тие сакаат да видат дали јавните заложби на власта за борба против корупција ќе бидат трансформирани во кривични пријави и процеси против сите за кои се знае дека се дел од коруптивни и криминални бизнисни.

Вицепремиерот Артан Груби засега ги негира сите наводи за корупција а шефот на јавното обвинителство за организиран криминал Ислам Абази, кој важи за близок односно избран со помош на ДУИ, засега не покренува истрага за наводите за корупција на вицепремиерот Артан Груби.

Последни вести

За абдалските политичко – спортски игри во владата

Доктор Ристевски до Ковачевски: Абдал до Абдал, барем не тресете глупост додека ние ве плаќаме