Тест за присуство на антитела – 736 денари

Од вчера за оваа услуга граѓаните ќе плаќаат приватно по 736 денари, соопшти Институтот за имунобиологија и хумана генетика во Скопје.



„Согласно дописот од Фондот за здравствено осигурување почнувајќи од 15 април 2021 година на Институтот за имунобиологија и хумана генетика во Скопје нема да се работат тестови за концентрација на антитела кон SARS-CoV-2 на товар на ФЗОМ.

Оваа услуга ќе биде достапна и натаму само на товар на пациентите (приватно) и ќе чини 736 денари“, се наведува во известувањето потпишано од директорот на Институтот проф. д-р Александар Петличковски.